Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед не се фокусирани само Пол Погба за кој војуваат жестока битка на маса со Јувентус. „Специјалниот“ лично од менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ побарал совет за фудбалерот на Бешикташ, Огузан Озуакуп.


Турскиот Зидан како што го нарекуваат 23-годишниот фудбалер би требало до крајот на преодниот рок да го засили клубот од Олд Трафрод за 20 милиони евра.


И самиот Билиќ кој пред да го преземе Вест Хем го водеше Бешикташ пробал да го доведе турскиот репрезентативец, но клубот не ја прафатил понудата од лондонскиот премиерлигаш.

OhridNews