Фудбалерот за врска на Монако и француската селекција, Томас Лемар кој беше трансфер желба на Арсенал и Ливерпул договори соработка со шампионот во Лигата на Европа, Атлетико Мадрид.

Шпанците за услугите на Лемар на францускиот состав ќе му исплатат 66 милиони евра плус дополнителни бонуси во случај на успех на Лемар и клубот.

Трансферот го потврди шпанскиот состав, а официјализиран ќе биде после завршување на Мундијалот каде Лемар е дел од селекцијата на Франција.

Ова е втор неуспешен обид за Ливерпул во летниот трансфер период, откако не успеа да го ангажира Фекир од тимот на Лион. „Топчиите“ кои имаат нов тренер продолжуваат во барањето на нови фудбалери.

OhridNews