Фудбалерот на Монако, Џеофреј Кондогбија кој беше голема трансфер желба на Милан и Арсенал потпиша петгодишен договор со Интер.
За 22-годишниот фудбалер „неро-азурите“ платија 35 милиони евра, а во најбрз можен рок тој ќе ги мине лекарските прегледи по што ќе биде и официјализиран договорот.
Францускиот репрезентативец беше откритие на сезоната во Монако откако го засили тимот од Севиља во 2013 година.
Се очекува трансферот на Кондогбија да биде почеток на трансфер револуција во Интер кој е под палката на Роберто Манчини.
Ohridnews