90 % се шансите Роналдињо да зврши во Милан, изјавил братот и менаџер на Роналдињо, Роберто де Асиз. Преговорите се во завршна фаза и за десетина дена се очекува светскиот првак од 2002 Роанлдињо да го облече црвено-црниот дрес на Милан.

Јирген Клинсман новиот тренер на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен, на своите играчи им забранил користење на мобилните телефони во тренинг центарот. Во текот на секојдневното осум часовно минување во тренинг центарот фудбалерите на Баерн воглавно нема да смеат да телефонираат. Но затоа ќе може да праќаат смс-пораки.

Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Малком Глејзер официјално дал согласност за продажба на Португалецот Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, соопштува шпанска “Марка”. Американецот го ополномоштил извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил да преговара за трансфер на Роналдо во шпанскиот клуб. Според информациите на “Марка” последната понуда од Реал Мадрид за обезбедување на услугите на Роналдо е 75 милиони евра.

ohridnews