Анхел Ди Мариа не го мина лекарскиот преглед и под знак прашање е ставен неговиот трансфер во ПСЖ. Причина за “падот“ на лекарскиот преглед бил заморот на Аргентинецот кој летал 20 часа од Буенос Ариес до Доха.
Во текот на денешниот ден се очекува тој да има повторен тест, по што би се преминало кон потпишување на договорот. Ди Мариа по само една година го напушта Манчестер Јунајтед. Висината на неговиот трансфер се очекува да изнесува околу 44 милиони евра.
ОhridNews