Светската фудбалска куќа (ФИФА) ќе го истражува трансферот на Езекил Мангала од Порто во англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.


„Граѓаните“ за неговите услуги на португалскиот шампион му исплатија 30.5 милиони евра, а Порто заработи 57% од вкупниот износ на трансферот.

ФИФА во трансферот ќе го истражува „правилото на трета страна“ кое се позастепено во светот на фудбалот.

Покрај овој трансфер во фокусот на ФИФА ќе се најде и преминот на Маркос Рохо од Спортинг во Манчестер Јунајтед.

Ohridnews