Враќањето на Фернандо Торес на Винсенте Калдерон и најавата за ангажирање на неколку квалитетни фудбалери го предомислил Диего Симеоне да замине од Атлетико Мадрид.
Заинтересирани за неговите услуги биле Манчестер Сити и Пари Сент Жермен, а најмногу загризал Ливерпул, кој сезонава мака мачи во Премиер лигата.
Минатата сезона со него на клупата „јорганџиите“ стигнаа до титулата во шпанската Ла Лига и финалето во Лигата на шампиони каде претрпеа пораз од Реал Мадрид.
Мх.П.