Преговорите меѓу Арсенал и Лестер околу трансферот на Џејми Варди се ставени во мирување откако фудбалерот отпатува заедно со англиската селекција во Франција каде ќе се одржи Европското првенство.
Сите англиски медиуми пренесоа за сериознота заинтересираност на „топчиите“ за Варди кој беше предводник на „лисиците“ до историскиот успех во Премиер лигата.
Се очекува клубовите следниов период да ги договорат сите услови, но неможат ништо да официјализираат без Варди кој сигурно ќе биде максимално фокусиран на настапите во репрезентацијата.
Интерес клубот од Емирати покажува и за Ријад Марез кој исто така беше дел од шампионскиот мозаик на Клаудио Раниери во Премиер лигата.
OhridNews