Вчера започна поставувањето на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље. Планот e, како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, до крајот на следниот месец комлетно натпатникот биде ставен во функција.
Интезивно работиме на реализација на проектите кои ќе обезбедат брз и сигурен пристап од и до населените места кои гравитираат долж автопатот Кичево – Охрид, посочи Трајановски.
За многу скоро, додаде, ќе се вози по новата автопатска делница од селото Климештани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5.
OhridNews














