Од Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид упатуваат апел до земјоделците, во наредните неколку дена да извршат прскање против марокански скакулци.
-Утврдена е појава на популации на скакулци од видот-Марокански скакулец кои моментално се во ларвена фаза, што значи дека сеуште истите немаат крилја и се неподвижни. Овие популации на скакулци се лоцирани на необработливи и аридни подрачја-пасишта и само во овој момент можат ефикасно да се уништат, информира Билјана Ѓорческа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид.
Таа објаснува дека во подоцнежните фази во нивниот животен стадиум овие видови на скакулци добиваат крилја и мигрираат на поголеми растојанија повеќе пати дневно, правејќи штети врз сите растенија и скоро никако неможат да се уништат.
-Затоа е потребно на целата територија на Република Македонија да се откријат тие легла, кои сточарите највеќе ги знаат. Тие легла се со мала површина и лесно можат да се уништат со примена на пропишани дози од препорачаните инсектициди. Тоа треба да го стори месното население, појаснува Ѓорческа.
Од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството препорачуваат за прскање против скакулци да се користат следните инсектициди: Активна материја Alfa Cypermetrin, (Fastac 10 EC – BASF, Direkt- Veterina – Hrvatska, Fastac 10 SC – BASF), Активна материја Dettametrin (Decis 10) и Zetacipermetrin (FURU 10 EC-Агројуником).
Овие се синтетички пиретроиди со кратка каренца, па неколку дена по прскањето, на теренот може да се врши испаша на стока.
OhridNews