Во рамките на својата изборна програма кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче синоќа ги посети жителите на селата Коњско и Елшани. Заедно со него во посета на овие села беа и министерот за одбрана на Република Македонија господинот Зоран Коњаноски, пратениците Анита Кипаризова Крстеска, Цветко Грозданов, Александар Николоски, дел од кандидатите за советници како и носителот на листа и председател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ господинот Борис Стефаноски.
Средбите започнаа со обраќањето на господинот Стефаноски а веднаш потоа до присутните се обрати и министерот Зоран Коњаноски. И двајцата повикаа на поддршка за избор на председател, градоначалник и совет.
Обраќање имаше и пратеничката Анита Кипаризова Крстеска која укажа на тоа дека власта ќе биде поуспешна доколку биде еднинствена и истакна дека проектите кои ги одобрува Владата ќе бидат реализирани доколку и градончалникот изрази волја за соработка, “па секако за поголем успех логично би било поддршката сите ние да ја дадеме на господинот Нанче, како човек со визија и докажани менаџерски потенцијали“, истакна во своето обраќање пратеничката Кипаризоска Крстеска, која повика и за поддршка на господинот Ѓорѓе Иванов, но и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Трибината доби димензија на дијалог при обраќањето на господинот Кирил Трендафилов Нанче кој се осврна на секојдневните проблеми со кои за жал и во денешно време се оптоварени овие места, неасвалтирани , неосветлени патишта, нерешена инфраструктура. Тој особен акцент стави на искористување на природните реткости со кои располагаат овие места како основа за развој на туризмот, а презентира и дел од проектите кои се наоѓаат во неговата изборна програма а кои се однесуваат на овие места .














