Во рамките на својата изборна кампања кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче синоќа ги посети жителите на Рача и Пештани. Заедно со него во посета на овие села беа, пратениците Цветко Грозданов, Владо Стефаноски како и повеќе членови на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. информираат од партискиот центар за комуникации.

Во Рача, Цветко Грозданов истакна дека е недозволиво во 21 век големи урбани населби како што е Рача да се во темница. Кандидатот Трендафилов – Нанче истакна дека ќе се посвети на целосно урбанизирање на населбата, изградба на комплетната потребна инфраструктура и трансформација на Рача во вистинска туристичка населба.

Во Пештани, претседателот на Месниот Комитет изрази уверување дека победата на ВМРО-ДПМНЕ од минатите избори ќе биде не само потврдена, туку и надмината. Пратеникот Владо Стефаноски накратко ја презентираше програмата на Владата за унапредување на здравствениот систем во населбите. Кирил Трендафилов – Нанче ги истакна своите заложби за уредување на центарот на Пештани, кејот и комплетирање на инфраструктурата, „а за колекторот“ истакна Нанче „дури и да не сакаат пештанци ние ќе го изградиме“, пренесува партискиот центар за комуникации.
Пратеникот Грозданов во поддршка на Нанче во Раче











