Синоќа во салата во с. Долно Лакочереј, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид одржа средба со граѓаните од населбата Радојца Новичиќ и Долно Лакочереј.


До присутните најпрво се обрати г-дин Борис Стефаноски, носителот на листата за советници кој ги повика да го дадат својот глас за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, листата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов-Нанче. Во своето обраќање пратеникот Владо Стефановски посебно се осврна на потребата во Долно Лакочереј и во цела Општина да се создадат пристојни услови за живеење, за да се спречи појавата на се помасовно иселување на младите образовани луѓе во странство.


Во своето подолго обраќање Нанче зборуваше за своите проетки за проширување на патната инфраструктура, создавање на услови за развој на малите бизниси и создавање на ефикасна општинска администрација која ќе биде пријател на бизнисот и во служба на граѓаните. Тој одговораше и на прашања на голем број присутни граѓани.


ВМРО ДПМНЕ на средба со жителите од Радојца Новичиќ и Д.Лакочереј