Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче, заедно со пратениците, претседателот на Општинскиот Комитет и дел од кандидатите за советници синоќа оддржаа трибина во месноста Видобишта.


Посетеноста беше и повеќе од очекувана. Средбата ја започна господинот Борис Стефаноски кој како председател на Општинскиот Комитет повика на единство при избор на председател, градоначалник на Охрид, но и при избор на совет. Можност да се претставаат пред својот месен комитет имаа и советниците, а обраќање имаше и пратеникот Цветко Грозданов, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.


„Тоа што вечерва овде заедно се собрани Месните Комитети  Видобишта, 15-ти Корпус и Илинден е само една потврда на нашата парола, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ“, истакна во своето обраќање господинот Кирил Трендафилов – Нанче, кој меѓу другото кажа дека многу тешко ветува, но секогаш остварува повеќе од ветеното. Истакна дека градоначалникот треба да му слугува на народот и секогаш да биде меѓу народот за полесно да ги согледа и да ги реши проблемите.  „Но за да можам  успешно да функционирам  потребна ми е поддршка од Советот, а секако и од централната власт па затоа покрај поддршка за мене и советниците Ве повикувам да му дадеме и поддршка на идниот председател господинот Ѓорге Иванов“, истакна при своето обраќање Кирил Трендафилов Нанче, информираше Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ  – Охрид.


Трендафилов се сретна со жителите од Видобишта