По повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество, денеска во просториите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид, предавање оддржа проф. д-р Зоран Хаџи-Велков на тема „Трендови и предизвици во безжичните комуникации“.

Денес интернетот претставува глобална широкопојасна мрежа низ кој поминува доминантен дел од светската размена на информации, при што најголем дел од корисниците жично се поврзани во таа мрежа. Имајќи ја предвид сé поголемата распространетост на паметните телефони и таблет компјутери, клучното прашање е дали широкопојасната интернет комуникација може да се одвива и безжично. За среќа, одговорот на оваа прашање е позитивен, бидејќи истражувањата во безжичните комуникации во последната декада покажуваат дека безжичниот канал може да понуди податочни брзини кои претходно биле незамисливи. Мобилните комуникации од четвртата генерација (4Г) се базираат токму на овие сознанија и ветуваат податочни брзини споредливи со оние во жичната комуникација.“ – истакна Хаџи-Велков.

Професорот во текот на својата академска кариера, реализирал студиски престои на повеќе познати европски универзитети и се јавува во улога на рецензент во бројни меѓународни списанија, за кои досега рецензирал околу 200 труда.

Инаку, специјалност на професорот Хаџи-Велков, се безжичн и мобилни комуникации, карактеризација и моделирање на радио канали, енергетско-ефикасни комуникации, и кооперативни комуникации. Тој е визитинг професор на Институтот за дигитални комуникации при Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, Германија.

OhridNews