Фудбалската федерација на Русија го именуваше Леонид Слутски за нов селекор, кој на оваа функција ќе го замени Фабио Капело.

 

Раководното тело на рускиот фудбал минатиот месец го прекина договорот со Капело, три години пред Мундијалот во Русија, поради лоите резултати во квалификациите за Европското првенство во 2016 година во Франција, пренесува Макфакс.

Слутски е тренер и на московски ЦСКА, со кој освои две титули шампион на Русија-2013 и 2014 година. Во својата тренерска кариера 45-годишниот стручњак ја водеше и екипата на Крила Совјетов.

Капело го водеше кормилото на рускиот национален тим од 2012 година, а на Мундијалот во Бразил не успеа да избори втор круг.

Русија моментно во Г квалификационата група го зазема третото место со осум бодови, зад Австрија и Шведска, има уште четири натпревари до крајот и сѐ уште има шанси да обезбеди пласман на ЕУРО 2016 година.

Ohridnews