Стефано Пиоли со отказ го плати поразот на Лацио во градското дерби со Рома (1:4). По мечот Пиоли доби отказ, а клубот соопшти дека негов наследник е поранешниот играч на овој клуб, Симоне Инзаги.


„Волчицата“ со убедливиот триумф над лутиот ривал ја продолжи трката за третата позиција во Серија А која води во Лигата на Шампиони.

Помладиот брат на Филипо „Пипо“ Инзаги, Симоне во Лацио доаѓа од Примавера, тој со овој тим се наоѓа на третото место во Серија Ц.


Инзаги кој во вторник ќе наполни 40 години, како играч на Лацио од 1999 до 2010 година настапил на 129 натпревари и постигнал 28 голови.

OhridNews