Тренерската вртелешка продолжува во првата македонска фудбалска лига. Следен тренер по Горазд Михајлов, кој ја загуби довербата од клубот е Горан Петрески од тимот на Работнички.

За наследник на Петрески назначен e поранешниот тренер на Металург и Вардар, Жикица Тасевски.

Со Петрески на клупата “романтичарите“ го имаа најлошиот старт во историјата на клубот со шест порази во дванаесет натпревари, што ги смести во зоната за испаѓање.

Новиот стратег Тасевски, кој е повратник во “Дебар маало“, одисејата на клупата ќе ја започне против Силекс на домашен терен во рамките на 13-то коло од првата македонска фудбалска лига.

Мх.П.