Трет ден трае потрагата по 52-годишниот бугарски државјанин кој исчезна завчера при длабочинско нуркање во водите на Охридското Езеро.

Се уште, за жал, нема ништо. И утрово на терен се екипи на Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачи. Тие пребаруваат поширок терен кај Трпејца каде исчезнал нуркачот од Бугарија, ни изјави кусо портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Случајот бил пријавен во полицијата во саботата во 13.15 часот. Според пријавата И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Неофицијално, тој бил заедно со уште едно лице со кое вршеле техничко нуркање и на себе имал тешка опрема.

Г.М.
Фото: Илустрација