Ракометарите на Охрид претпреа пораз со 28-24 (15-11) на гостувањето кај Радовиш. Охриѓани го претрпеа третиот пораз во исто толку гостувања сезонава.


– Промашивме доста отворени удари, како и неколку зицери во моментите кога се кршеше резултат, што беше одлучувачко во нашиот пораз – велат од клубот. Андоновски со 6 постигнати гола беше најпрецизен во “белиот“ тим, пет постигна Поп Стефанија, Анѓелкоски и Николоски по 4, Трифуноски 3 и Томоски постигна два гола.

Во наредното шестто коло се игра езерското дерби во кое Охрид на домашен терен ја пречекува Струга.

Ohridnews