Манчестер Јунајтед предводен од Жозе Мурињо го забележа третиот пораз во низа. Во петтото коло од Премиер лигата Ватфорд на домашен терен го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1.
Домаќините поведоа во 34 минута преку Капу. Во 62 минута Рашворд го израмни резултатот. Во 84 минута штотуку влезениот Ѕунига ја врати предноста на Ватфорд, а над истиот играч во судиското надополнување беше направен пенал кој во гол го претвори Динај.
Серијата порази на ѕвездениот и скап тим на Јунајтед започна минатата недела во дербито на Олд Трафорд од градскиот ривал Сити, по што следеа поразите во Лигата на Европа во Ротердам од Феенорд и денешниот од Ватфорд, кој го предводи италијанскиот стручњак Валтер Мацари.
Последен пат Ватфорд го совладал Јунајтед во далечната 1986 година.
OhridNews