Со третиот пораз во серија фудбалерите на Охрид  ја завршуваат полусенозата. Од Охрид со огромни три бода заминува полуфиналистот во македонскиот куп Нов Милениум кој на „Билјанини извори“ славеше со 3:1.

Решени да дојдат до трите бода охриѓани тргнаа кон голот на Заков. Таквата игра остави простор за гостите кои преку Богатинов не реализираа шанса “очи в очи“. Казната стигна неколку минути подоцна на спортивната страна. По центаршутот на Шакири ,Чашитоски профитираше од неодлучноста на гостинската одбрана и го доведе Охрид во водство.

Охриѓани умешно го чуваа минималното водство но пресвртница во натпреварот беше исклучувањето на Иваноски во 50 минута во која престрого му беше покажан вториот жолт (автоматски ) црвен картон , по што натпреварот доби сосема друг тек.

Сепал, Атај имаше меч – топка. Изби сам пред Заков но не го совлада. Прилика по која на теренот имаше само еден тим.

 “Портакаловите“ со играч повеќе притисна и до израмнување стигана во 58 ` По изведениот удар од аголот Јакулов најдобро се снајде покрај статичната одбарна на охриѓани. Пет минути подоцна гостите преку Ристов  направија комплетен пресврт.

Последната прилика да направат нешто повеќе домашните пропадна во 75` кога најслабиот на теренот судијата Јакимоски му покажа црвен картон на Маркоски.

Во последната минута по ударот на аголот за охриѓани и голманот Карамачоски отиде во противничкиот шеснаесетник, но место погодок во противничката, топката по контра нападот заврши во неговата мрежа.

Јакимоски најслаб на теренот ! !

Најслаб на теренот во овај второлигашки натпревар беше судијата Јакимоски. Не потребно ја прекинуваше играта измислувајки калкулантски прекрошоци. На два пати не виде индиректен удар, покажа два црвени и уште шест жолти картони, а притоа немаше изедначен критерим при доделувањето на картоните. За разлика до главниот, помошниците на потребното ниво.

Од Записникот:

Охрид – Нов Миленуим 1-3 (1-0)

Стадион СРЦ „Билјнани Извори“.

Гледачи 50 .

Судија : Дејан Јакимоски Асистенти  Кипријаноски Горан  и Пројковска Ивана .

Делегат Шепаи Пајазит од Гостивар

Стрелци : Чашитоски 26`  (О) , Јакулов 58` 90` ,Ристов 63` (НМ)

Жолти Картони :Карамачоски , Атај ,Бимбилоски  (О) , Ристов , Јакулов , Митрев (НМ)
Црвен Картон : Иваноски , Маркоски (О)

Охрид : Карамачоски , Бимбилоски  Ѓоршески (15 ` Попчаноски) Чашитоски ,Иваноски , Лошкоски , Димоски, Маркоски, Шакири , Атај Тасески  (70` Далчев)

Нов Милениум :Заков , Блажески , Чачев, Митрев ,  Јанев ,Панов (45` Иванов) , Ташев , Јанев , Ристов (80`Андреев) , Богатинов( 90` Јорданов) , Јакулов

17 коло Резултати

 Металург    –

 Тетекс  1-0
Миравци     –  Алумина  2-0
Вардар Д     – Маџари С    5-1
Караорман – Брегалница  1-0
Дрита         – Скопје  7-0
Влазрими   – Турново    1-1

 

Мирко Постоловски