Поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Лорен Блан е новото тренерско име кое се поврзува со најтрофејниот клуб во Премиер лигата.


Претходно, Манчестер Јунајтед беше поврзуван со Жозе Мурињо кој остана без работа по отказот од Челси и Пеп Гвардиола кој пак по завршувањето на сезоната ќе биде слободен агент.

Екс репрезентативецот на „триколорите“ моментално успешно ја предводи екипата на Пари Сент Жермен која се наоѓа пред одбранување на титулата во францускиот шампион.

Блан не би имал никаков проблем со адаптација на Олд Трафорд бидејќи две сезони беше дел од тимот на Сер Алекс Фергусон.

Сегашниот менаџер на Јунајтед, Луис ван Гал не е омилен меѓу навивачите поради слабите резултати, а пред се за начинот на кој игра клубот од Олд Трафорд.

Ohridnews