Стружанецот Слободан Кајмакоски на поени го победи бугарниот Томчо Луканов во к1 мечот кој се орджа во рамките на меѓународниот кик бокс турнирот  во салата “Борис Трајковски” под мотото “Ноќ за херојот Јохан Трчуловски”.




За Кајмакоски ова беше трета профи борба и трета победа. Претходно ги совлада хрватот Стипе Ковачич во Таи бокс до 71 кг, и српскиот репрезентативец Александар Топич.

Турнирот е последна подготовка за македонската кик – бокс репрезентација пред Европското првенство од (18 – 24 октомври) во Баку, Азербејџан.

М.П.