Без голови и без победник, заврши супер дербито, помеѓу Караорман и Воска Спорт, во рамките од 9-та рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Мрежите во „еден-два“ пресметката на Градскиот стадион „ФК Караорман“ во Струга мируваа, сепак, ги исполни очекувањата. Двете екипи играа отворен фудбал. Воска Спорт на почетокот од натпреварот не реализираше удар од белата точка. Домашниот голман Тикоски го скроти ударот на Далчев. Борбата продолжи, а кулминираше во финишот. Фудбалерот на домаќините Аќимовиќ поцрвена, но Воска Спорт не успеа да ја валоризира предноста од фудбалер повеќе.

Разликата после супер дербито остана иста. Воска Спорт е лидер на табелата со бод повеќе од второпласираниот Караорман.

  • Резултати:

Преспа – Црно Буки 1-0

Новаци – Новаци Ивањевци 9-1

Караорман – Воска Спорт 0-0

Кравари – Македонија Враништа 6-2

Лирија Грнчари – Влазними 2-2

Стрела Спорт – Сатеска 2-3

Искра – Октиси 3-1

Белица – Фљамуртари 1-1

Табела: Воска Спорт 23, Караорман 22, Новаци 19, Кравар 19, Црно Буки 18, Влазними 16, Преспа 15, Октиси 13, Сатеска 12, Фљамуртар 10, Искра 10, Македонија Враништа 8, Победа Ивањевци 7, Белица 6, Лирија Грначари 5, Стрела Спорт 4

OhridNews