Екипите на Сатеска и Дебрца на домашен терен во рамките од 11-та рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад ги пречекуваат лидерот Велешта односно второпласираниот состав на Црно Буки.

Сатеска раните за поразот од Новаци ќе ги лечи против водечката екипата на табелата Велешта. Натпреварот на „Ѓоргов Мост“ стадионот ќе биде супер предизвик за Велешта која атакува на првото место и влез во Втората лига.

Дебрца за разлика од Сатеска имаше супер најава за сребдата со Црно  Буки. Фудбалерите на Дебрца како гости славеа против Лирија во Грнчари и за уште едно ниво ја кренаа атмосферата во екипата.

Мечевите се играат в недела со почеток во 14 часот.

Двојки:

Фљамуртари – Караорман

Дебрца – Црно Буки

Влазними – Лирија Грнчари

Стрела Спорт – Октиси

Македонија – Преспа

Сатеска – Велешта

Кравари – Новаци

Табела: Велешта 27, Црно Буки 21, Лирија Грнчари 17, Фљамуртари 17, Преспа 16, Влазними 16, Октиси 16, Новаци 14, Кравари 13, Караорман 13, Сатеска 11, Дебрца 8, Македонија 8, Стрела Спорт 4

OhridNews