Фудбалерите на Лакочереј освоија исклучително важни бодови во трката за опстанок победувајќи ја Преспа со минимални (1-0) на домашен терен, додека Сатеска изгуби на гостувањето кај Лирија Грнчари со 2-1 во мечевите од 19-та рунда во Третата македонска фудбалска лига.

Лакочереј до победата и целиот плен стигна со погодокот на Симон Маркоски од пенал во 84-та минута од натпреварот. Сатеска без бодови во Грнчари остана во судиското продолжине, домаќините реализираа пенал и ги осигураа трите бодови.

Водечката екипата во Третата МФЛ, Охрид стави точка на мини резултатската криза со триумф над Црно Буки (2-0). Ромео Кочоски и Томче Речкоски беа стрелци на головите во победата на охридските сино-бели пред своите гледачи.

Резултати: Охрид – Црно Буки 2-0, Лакочереј – Преспа 1-0, Фљамуртари – Новаци 1-0, Влазними – Караорман 2-1, Лирија Грнчари – Сатеска 2-1, Велешта – Октиси 3-0, Лирија Заграчани – Кравари.

Табела: Охрид 48, Влазними 31, Велешта 31, Караорман 30, Црно Буки 30, Лирија Грнчари 27, Преспа 26,  Лакочереј 26, Кравари 24,  Сатеска 23, Новаци 22, Лирија Заграчани 21, Фљамуртари 20, Октиси 18.

OhridNews