Нема повеќе непоразени екипи во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, откако Фљамуртари со минимални 1-0 го совлада Кораб во дербито на полусезоната.

Одлуката за победникот во мечот кој го судеше охридскиот арбитар Фатмир Бафто падна во второто полувреме. Кораб до пред дербито со Фљамуртари имаше перфектен скор од седум победи во седум мечеви.

Со трите бодови од натпреварот Фљамуртари се израмни со Кораб на табелата и двете екипи ќе водат мртва трка за првата позиција во есенската полусезона.

Резултати: Фљамуртари – Кораб 1-0, Лирија – Октиси 6-1, Караорман – Воска 5-2, Велешта – Охрид 7-4, Сатеска – Преспа 5-2, Кравари – Влазними 2-1, Баир Кркардаш – Могила 2-5.

Табела: Кораб 21, Фљамуртари 21, Кравари 19, Караорман 17, Сатеска 12, Охрид 12, Лирија 10, Преспа 10, Могила 9, Велешта 9, Влазними 8, Октиси 8, Воска, Баир Кркардаш 0.

OhridNews