Екипите на Охрид, Лакочереј и Сатеска на гостински терен ќе ги одиграат натпреварите од 15-та рунда во Третата македонска фудбалска лига.

Лидерот на табелата Охрид ќе ги одмери силите со Лирија од Заграчани, Лакочереј гостува кај составот на Влазними, додека Сатеска ќе се судри со Октиси.

Натпреварите од Третата МФЛ југо-запад се играат в недела со почеток во 14 часот и 30 минути.

Двојки: Фљамуртари – Црно Буки, Влазними – Лакочереј, Лирија Грнчари – Охрид, Велешта – Преспа, Лирија Заграчани – Новаци, Кравари – Караорман, Октиси – Сатеска

Табела: Охрид 40, Црно Буки 24, Караорман 23, Велешта 22, Лирија Грнчари 22, Влазними 21, Преспа 21,  Кравари 20, Лирија Заграчани 18, Сатеска 17, Лакочереј 16, Октиси 15,  Новаци 13, Фљамуртари 11.

OhridNews