Екипите на Сатеска и Дебрца, ќе имаат гостински задачи во осмата рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Сатеска гостува во Струга кај тимот на Караорман, додека Дебрца ќе се сретне со Преспа во Ресен.

Дуелот помеѓу Караорман и Сатеска ќе се одигра в сабота во 15 часот и ќе означи почеток на возбудувањата од осмата рунда во Третата лига, а Преспа на домашен терен Дебрца ќе ја пречека в недела во 15 часот.

Двојки:

Караорман – Сатеска

Кравари – Македонија

Новаци – Стрела Спорт

Велешта – Влазними

Преспа – Дебрца

Октиси – Фљамуртари

Лирија Грнчари – Црно Буки

Табела: Велешта 18, Фљамуртари 15, Црно Буки 15, Лирија Грнчари 13, Влазними 13, Кравари 12, Преспа 10,  Сатеска 10, Октиси 9, Новаци 7, Караорман 7,  Дебрца 5, Македонија 4, Стрела Спорт 4

OhridNews