Фудбалерите на Дебрца ја прекинаа црната серија во Третата македонска фудбалска лига југо-запад забележувајќи херојски триумф против Лирија Грнчари на гостински терен со 3-2. За тимот на Дебрца ова беше втор триумф а воедно многу значаен во борбата за опстанок во третолигашкото друштво.

Во првиот дел во мечот во Грнчари мрежите мируваа но Дебрца остана со фудбалер помалку после двата жолти картони на Климент Гиновски.

Во 57-та минута, домашните фудбалери поведоа со 1-0 и направија голем чекор кон победата и трите бодови. Пет минути траеше радоста на Лирија, откако Дејан Милошески погоди за 1-1. Лирија најде начин и постигна погодок за ново водство. Дебрца не се предаде и преку Васко Тасески изедначи овој пат на 2-2. Во 90-та минута Милошески со вториот погодок ги „здрви“ домаќините и донесе предност која се покажа пресудна за конечна победа.

За издвојување во 10-та рунда е фантастичниот пресврт на Караорман на дуелот со Кравари. Стружани на полувремето имаа негатива 3-1 а на крајот забележаа победа 4-3. Пораз на гостински терен претрпе Сатеска која изгуби 3-1 од Новаци.

Резултати: 

Караорман – Кравари 4-3

Новаци – Сатеска 3-1

Велешта – Македонија 6-0

Преспа – Стрела Спорт 3-1

Октиси – Влазними 1-0

Лирија Грнчари – Дебрца 2-3

Црно Буки – Фљамуртари 1-0

Табела: Велешта 27, Црно Буки 21, Лирија Грнчари 17, Фљамуртари 17, Преспа 16, Влазними 16, Октиси 16, Новаци 14, Кравари 13, Караорман 13, Сатеска 11, Дебрца 8, Македонија 8, Стрела Спорт 4

OhridNews