По неоправданото неодигрување на два првенествени натпревари екпите на Фљамуртари од Радолишта и Искра од Мороишта се дисквалификувани од третата лига Југозапад, пренесува веб порталот макфудбал.

Досегашните резултати на овие две екипи се бришат, а нивните противници ќе бидат слободни во  рундите кога требаа да играат против Фљамуртари и Искра. Двете екипи во наредната сезона ќе настапуваат во најнизок ранг на натпреварување.

По откажувањето на струшките третолигаши, се зголеми бројот на екипи кои се откажаа од шампионатот. На стартот од првенството се откажа Фаланга од Демир Хисар, нивното место го превезеде Работник  но и тие  по одиграните неколку кола се откажаа.

Првенстово ќе продолжи да се игра со 13 екипи. По новиот изглед на табелата се уште води Кораб со 21 бод.
 

Табела: 


Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 Кораб

10 6 3 1 26:14 21
2 Подмочани

9 6 1 2 18:8 19
3 Кравари

10 5 0 5 21:18 15
4 Лешани

9 4 2 3 18:13 14
5 Вардино

8 4 1 3 17:12 13
6 Велешта

8 4 0 4 20:18 12
7 Питу Гули

9 3 3 3 12:19 12
8 Караорман

9 3 2 4 15:12 11
9 Добрушево

9 3 2 4 13:18 11
10 Баир Кркардаш

9 2 3 4 14:19 9
11 Преспа

8 3 0 5 12:20 9
12 Могила Би Милк

8 2 2 4 11:15 8
13 Младост (ГО)

8 1 3 4 9:20 6