Екипата на Кораб од Дебар со неверојатни 8-1 го победи Кравари во “еден-два“ пресметката во Југозападниот регион и на три кола пред крајот има плус шест на врвот на табелата.


На дербито кое се одигра пред две илјади гледачи “соколите“ наметнаа жестотко темпо од самиот старт на мечот полнејќи ја мрежата на гостите. Стандарден на голот за Кораб , беше охриѓанецот Бафто кој втора година по ред успева да избори пласман во второто по квалитет фудбалско друштво.


Каде сум јас неизбежен е успехот– во шега вели Бафто, кој лани го бранеше голот на Охрид Лоте кој успеа од регионот да влезе во 2.лига.

Резултати :

Могила Би Милк Караорман    2-1
Питу Гули Велешта    6-1
Преспа Добрушево    3-2
Кораб Кравари    8-1
Младост (ГО) Лешани    денес

Табела :

Rank Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 Кораб

21 16 3 2 59:22 51
2 Кравари

21 15 0 6 58:29 45
3 Подмочани

20 14 1 5 46:21 43
4 Лешани

19 9 4 6 40:30 31
5 Велешта

19 9 0 10 37:44 27
6 Добрушево

20 7 4 9 41:41 25
7 Питу Гули

20 7 4 9 31:53 25
8 Караорман

20 7 2 11 39:33 23
9 Преспа

19 7 1 11 31:44 22
10 Могила Би Милк

19 6 3 10 23:42 21
11 Баир Кркардаш

12 5 3 4 27:23 18
12 Вардино

19 5 3 11 28:35 18
13 Младост (ГО)

19 1 4 14 16:59 7

Ohridnews