Екипата на Лакочереј во петтата рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад ќе го предизвика лидерот на табелата, Охрид Лихнидос.

Охридските бели после четири одиграни натпревари имаат исто толку победи, а максималниот ефект сигурно ќе биде мотив повеќе и за фудбалерите на Лакочереј кој добро ја отворија сезоната.

Дербито кое ќе се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“ во 15 часот и 30 минути ќе означи почетокот на мечевите од петтата рунда во третолигашката конкуренција.

Двојки: Кравари – Црно Буки, Лирија Заграчани – Октиси, Велешта – Сатеска, Лирија Грнчари – Караорман, Влазними – Новаци, Фљамуртари – Преспа, Лакочереј – Охрид

Табела: Охрид Лихнидос 12, Караорман 9, Црно Буки 7, Сатеска 7, Новаци 6, Кравари 6, Октиси 6, Лакочереј 6, Лирија Грнчари 6, Преспа 5, Влазними 4, Велешта 4, Лирија Заграчани 3, Фљамуртари 0.

OhridNews