Фудбалерите на Дебрца, на домашен терен во Белчишта во рамките од седмата рунда во Третата лига силите ќе ги одмерат со водечката екипа на табелата Велешта, додека Сатеска гостува кај тимот на Македонија од Враништа.

Средбата со лидерот на табелата ќе биде вистински тест за можностите и квалитетите на Дебрца. Тимот е во мини резултатска криза претрпувајќи два порази и дуелот со Велешта може да биде пресвртница.

Сатеска, пак, во претходна рунда победи на домашен терен и со спокојни мисли може да се насочи кон дуелот со составот на Македонија од Враништа.

Мечевите од седмата рунда се играат в недела во 15 часот.

Двојки 7.рунда:

Лирија Грнчари – Караорман

Црно Буки – Октиси

Фљамуртари  – Преспа

Дебрца – Велешта

Влазними – Новаци

Стрела Спорт – Кравари

Македонија – Сатеска

Табела: Велешта 15, Фљамуртари 12, Црно Буки 12, Преспа 10, Лирија Грнчари 10, Влазними 10, Кравари 9, Октиси 9, Новаци 7, Караорман 7, Сатеска 7, Дебрца 5, Македонија 4, Стрела Спорт 4

OhridNews