Натпреварот од третата лига Југозападен регион меѓу Мирце Ацев од Македонски Брод и охридскиот Вулкан од Косел ќе се игра во вечерен термин под рефлектори. Тоа е меч од трета вондредна рунда во ова натпреварување, а прв за новајлијата во ова друштво, Мирце Ацев.
– Имаме голема чест за прв пат клуб од нашата општина да одигра првенствен натпревар од Третата лига на новиот стадион, а задоволството е уште поголемо што тоа ќе го направиме под рефлектори.- вели Бобан Филипоски претседателот на Фудбалскиот клуб Мирце Ацев кој што континуирано веќе осум години ја претставува општина Македонски Брод на фудбалската сцена.
За фудбалерите на охридскиот Вулкан ова ќе биде ретка можност да одиграат натпревар под рефлектори.
– Одиме да се надигруваме и подобриот нека победи, сигурно дека и за нас ќе биде огромно задоволство што ќе играме под рефлектори – вели Васко Мојсоски еден од најискусните во гостинскиот табор.
Натпреврот е закажан за среда од 19 часот. Теренот на ФК Мирцев Ацев е еден од на 50 помошни фудбалски терени кои Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт ги изгради со средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Актуелниот освојувач на европски трофеј ГРК Охрид доби уште едно признание во пресрет на почетокот на одбраната на титулата „Гладијаторите“ се најдоа на првото место на Power Ranking листата за сез...
Во рамки на 7-то коло од ракометната Супер лигата ГРК Охрид во недела гостува кај екипата на Мулти Есенс Ни следува натпревар против екипата на Мулти Есенс Станува збор за млада и борбена екипа Наш...
ГРК Охрид е пред нов европски предизвик во одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп Во пресрет на двомечот со турски Спор Тото СК, кој на 23 и 24 октомври ќе се одигра во Охрид, стартува продажб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.