Викендов, во Третата македонска фудбалска лига југо-запад на програмата се мечевите од седмата рунда во шампионатот.

Екипата на Воска Спорт како лидер на табелата ја очекува незгодно гостување во Ресен кај тимот на Преспа. Второпласираниот Караорман раните за поразот од Сатеска ќе ги лечи на домашен терен, против тимот на Влазними.

Составот на Сатеска во седмата рунда гостува кај тимот на Кравари.

  • Двојки:

Победа Ивањевци – Црно Буки

Преспа – Воска Спорт

Новаци – Македонија Враништа

Караорман – Влазними

Кравари – Сатеска

Лирија Грнчари – Октиси Спорт

Стрела Спорт – Фљамуртари

Искра – Белица

Табела: Воска 16 бодови, Караорман 15, Новаци 14, Кравари 13, Црно Буки 12, Влазними 10, Преспа 9, Македонија Враништа 8, Октиси 7, Победа Ивањевци 7, Сатеска 6, Фљамуртари 6, Белица 5, Лирија Грнчари 4, Искра 4, Стрела Спорт 1

OhridNews