Фудбалерите на Дебрца запишаа нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад победувајќи го тимот на Црно Буки со 2-1, додека Сатеска го задржаа лидерот Велешта ремизирајќи 2-2 во 11-та рунда од првенството.

Дербца победата против второпласираниот тим на табелата ја најави во првите 20-тина минута од натпреварот. Боге Бимбилоски погоди во 13-та минута а истиот фудбалер десеттина минути подоцна го зголеми водството. Гостите од Битола во финишот го намалија резултатот и го ублажија поразот.

Лидерот на табелата Велешта се спасуваше од пораз во Волино. Сатеска имаше водство 2-0 а Велешта со два голови во второто полувреме се извлече и освои бод.

Двојки:

Фљамуртари – Караорман 1-1

Дебрца – Црно Буки 2-1

Влазними – Лирија Грнчари 6-2

Стрела Спорт – Октиси 2-3

Македонија – Преспа 0-0

Сатеска – Велешта 2-2

Кравари – Новаци 1-1

Табела: Велешта 28, Црно Буки 21, Влазними 19, Октиси 19, Фљамуртари 18, Преспа 17, Лирија Грнчари 17, Новаци 15, Кравари 14, Караорман 14, Сатеска 12, Дебрца 11, Македонија 9, Стрела Спорт 4

OhridNews