Битката на Воска Спорт и Караорман за врвот во Третата македонска фудбалска лига југо-запад продолжува со исто темпо, откако двете екипи забележаа победи во вондредната 10-та рунда.

Воска Спорт на домашен терен со 3-0 го совлада тимот на Кравари, додека Караорман со 3-1 победи на гостувањето кај Победа Ивањевци.

Висок триумф во 10-та рунда славеше и Сатеска. „Црвените“ од Волино со 5-0 ја совладаа Искра и 15-ет бодови се наоѓаат на средината од табелата.

  • Резултати:

Сатеска – Искра 5-0

Македонија Враништа – Лирија Грнчари 2-2

Победа Ивањевци – Караорман 1-3

Октиси – Белица 3-3

Воска Спорт – Кравари 3-0

Црно Буки – Фљамуртари 1-0

Преспа – Новаци 2-1

Влазними – Стрела Спорт

Табела: Воска Спорт 26, Караорман 25, Црно Буки 21, Новаци 19, Кравари 19, Преспа 18, Влазними 16,  Сатеска 15, Октиси 14, Фљамуртари 10, Искра 10, Македонија Враништа 9, Победа Ивањевци 7, Белица 6, Лирија Грнчари 6, Стрела Спорт 4.

OhridNews