Фудбалерите на Охрид со висок триумф над Кравари (8-0) ги завршија мечевите во Третата македонска фудбалска лига, додека Сатеска на гостувањето кај тимот на Новаци претрпе убедлив пораз (4-0) а Лакочереј беше слободен.

Охридските фудбалери, пред мечот со Кравари имаа шампионска промоција а епитетот го потврдија на теренот победувајќи со 8-0. Новаци дилемите околу победникот на мечот со Сатеска ги решија во првиот дел во кој постигнаа четири голови.

Во последната 26-та рунда, Охрид поради откажувањето на Лирија Заграчани е слободен, а Сатеска и Лакочереј сезоната ќе ја завршат против Караорман односно Велешта.

Резултати: Караорман – Црно Буки 3-2, Новаци – Сатеска 4-0, Преспа – Октиси 2-1, Охрид – Кравари 8-0, Фљамуртари – Велешта 1-1, Влазними – Лирија Грнчари 2-0

Табела: Охрид 53, Влазними 43, Караорман 36, Црно Буки 36, Лирија Грнчари 36, Новаци 34, Кравари 33, Фљамуртари 33, Велешта 32, Сатеска 32, Лакочереј 32, Преспа 30, Октиси 18, Лирија Заграчани 18

Двојки 26.коло: Црно Буки – Влазними, Лирија Грнчари – Фљамуртари, Велешта – Лакочереј, Лирија Заграчани – Охрид, Кравари – Преспа, Октиси – Новаци, Сатеска – Караорман

OhridNews