Составите на Охрид и Воска имаат комплетни различни задачи во 18-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.

Охридските „сино бели“ гостуваат кај лидерот Кораб, додека Воска силите ќе ги одмери со последнопласираниот Октиси.

Сатеска која требаше да игра со Баир Кркардаш е слободна поради откажувањето на битолската екипа. Мечевите покрај Баир не ги продолжи ниту Могила.

Двојки: Фљамуртари – Кравари, Караорман – Влазними, Лирија – Преспа, Кораб – Охрид, Октиси – Воска.

Табела: Кораб 42, Фљамуртари 32, Кравари 32, Преспа 31, Караорман 28, Сатеска 25, Влазними 22, Охрид 22, Велешта 19, Воска 17, Лирија 16, Октиси 12, Баир Кркардаш, Могила.

OhridNews