Фудбалерите на Охрид Лихнидос во четвртата рунда од Третата македонска на фудбалска лига југо-запад на домашен терен ќе го пречекаат последнопласираниот тим на табелата Фљамуртари.

Се освен победа на охриѓани ќе биде рамно на сензација. Охрид после три одиграни натпревари има исто толку победи, додека противникот се уште нема освоено бод во новата сезона.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 15 часот и 30 минути. Во истиот термин своите мечеви ќе ги изиграат Сатеска против Лирија Заграчани односно Лакочереј против тимот на Црно Буки.

Двојки 4. коло: Црно Буки  – Лакочереј, Охрид Лихнидос – Фљамуртари, Преспа – Влазними, Новаци – Лирија Грнчари, Караорман – Велешта, Сатеска – Лирија Заграчани, Октиси – Кравари

Табела: Охрид Лихнидос 9, Караорман 6, Кравари 6, Лакочереј 6, Лирија Грнчари 6, Сатеска 4, Црно Буки 4, Преспа 4, Велешта 4, Новаци 3, Влазними 3, Октиси 3, Лирија Заграчани 3, Фљамуртари 0

OhridNews