Екипите на Охрид, Сатеска и Лакочереј останаа без победнички одговор за гостинските предизвици во 15-та рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Лидерот на табелата Охрид ремизираше 2-2 со Лирија во Грнчари, додека Сатеска и Лакочереј претрпеа порази од Октиси (4-1) односно Влазними (3-1).

Охридските сино-бели поведоа на дуелот со Лирија со погодокот на Ромео Кочоски во 34-та минута. Домаќините со головите на Фатон Таировски и Пеце Наумовски до крајот на првиот дел го свртија резултатот во своја полза. Во второто полувреме голгетерот на Охрид, Никола Секулоски го изедначи исходот кој на крајот се покажа конечен.

Сатеска со погодокот на Дарко Бочески обезбеди предност после 45 минут игра, но остана без фудбалерот Филип Баткоски кој доби директен црвен картон за груба игра. Бројчната предност на теренот фудбалерите Октиси ја капитализираа со четири погодоци во второто полувреме. На 1-1 изедначи Љубен Далчев, за 2-1 погоди Шенол Меди, а Далчев со вториот гол на мечот зголеми на 3-1. Конечните 4-1 ги постави Адем Ајдароски.

Екипата на Лакочереј повеќе од половина час добро му парираше на Влазними. Бедемот на Лакочереј го проби Даниел Шекуткоски во 34-та минута од натпреварот. Истиот фудбалер го зголеми водството на 2-0 постигнувајќи погодок во 65-та минута. За 3-0 реализираше Ерморнд Арслани, а почесниот погодок за Лакочереј беше дело на Антонио Крстаноски.

Ремито на Охрид го искористија останатите екипи во горниот дел да се доближат, но се` уште водечкиот состав има голема бодовна предност и прашање на време е кога и теоретски ќе го чекира влезот во Втората МФЛ.

Резултати: Фљамуртари – Црно Буки 3-2, Влазними – Лакочереј 3-1, Лирија Грнчари – Охрид 2-2, Велешта – Преспа 1-0, Лирија Заграчани – Новаци 1-2, Кравари – Караорман 2-2, Октиси – Сатеска 4-1

Табела: Охрид 41, Велешта 25, Караорман 24, Црно Буки 24, Влазними 24, Лирија Грнчари 23, Преспа 21,  Кравари 21, Лирија Заграчани 18, Октиси 18,  Сатеска 17, Лакочереј 16, Новаци 16, Фљамуртари 14.

Двојки 16-та рунда: Црно Буки – Октиси, Сатеска – Кравари, Караорман – Лирија Заграчани, Новаци – Велешта, Охрид – Влазними, Лакочереј – Фљамуртари.

OhridNews