Екипите на Охрид Лихнидос и Сатеска прокнижија нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига со победите над Кравари (3-2) односно Новаци (2-1), додека Лакочереј доживеа дебакл на гостувањето кај Лирија Заграчани претрпувајќи пораз 7-1.

Охридските бели со победата над Кравари во гости ја зголемија предноста на 12 бодови во однос на второпласираниот состав Велешта, а Сатеска се искачи на средината од табелата во третолигашкото друштво. Лакочереј со десет поени ја зазема последната позиција пред опасната зона на табелата.

Следниот викенд ќе се одигра последното коло од есенската полусезона и ќе се спушти завесата во Третата македонска фудбалска лига која помина во знакот на охридските фудбалери.

Резултати: Црно Буки – Караорман 3-1, Сатеска – Новаци 2-1, Октиси – Преспа 4-2, Кравари – Охрид Лихнидос 2-3, Лирија Заграчани – Лакочереј 7-1, Велешта – Фљамуртари 1-0, Лирија Грнчари – Влазними 1-2

Табела: Охрид 34, Велешта 22, Лирија Грнчари 21, Влазними 20, Црно Буки 20, Преспа 18, Лирија Заграчани 18, Караорман 17, Сатеска 17, Кравари 16, Октиси 15, Лакочереј 10, Новаци 9, Фљамуртари 7

OhridNews