Водечката екипа на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, Охрид мечот од 20-та рунда ќе го одигра во Ресен против тимот на Преспа.

Фудбалерите на Преспа се наоѓаат во долниот дел од табелата и трите бодиви од дуелот со лидерот на табелата им се потребни во битката за опстанок.

Во слична ситуација се ноаѓа и Сатеска. „Црвените“ на домашен терен силите ќе ги одмерат со второпласираниот Влазними и само трите бодови им се во мислите.

Лакочереј кој се наоѓа во добра форма гостува во Новаци.

Двојки 20-та рунда: Црно Буки – Лирија Заграчани, Кравари – Велешта, Октиси – Лирија Грнчари, Сатеска – Влазними, Караорман – Фљамуртари, Новаци – Лакочереј, Преспа – Охрид

Табела: Охрид 48, Влазними 31, Велешта 30, Црно Буки 30, Караорман 27, Лакочереј 26, Лирија Грнчари 24, Кравари 24, Преспа 23, Сатеска 23, Фљамуртари 20, Новаци 19, Лирија Заграчани 18, Октиси 18

OhridNews