Одличен старт во првенството за охридските екипи Чардак и Св. Троица 2021, кои во првото коло од Третата МФЛ – Регион 5 забележаа убедливи победи од по 4:0.
Во Ресен, Чардак славеше против Преспа со 0:4. За охридскиот тим два гола постигна Ќитаноски (59′, 69′), додека по еден погодок запишаа Блажески (44′) и Речковски (56′).
На стадионот „Касарна“, Св. Троица 2021 убедливо ја совлада екипата на Напредок Ношпал со 4:0. Хет-трик постигна Угриноски (51′, 57′, 86′), а еден гол беше дело на Миткоски (71′).
Во останатите натпревари, Кравари со високите 9:2 го совлада Влазними, Караорман славеше против Могила 2023 со 5:3, Напредок беше подобар од Демир Хисар со 4:1, додека Баир Спорт и Крошу Спорт одиграа нерешено 2:2.
Резултати – 1. коло
Напредок – Демир Хисар 4:1
Преспа – Чардак 0:4
Света Троица 2021 – Напредок Н. 4:0
Баир Спорт – Крошу Спорт 2:2
Кравари – Влазними 9:2
Караорман – Могила 2023 5:3
Табела по првото коло
1. Кравари – 3
2. Света Троица 2021 – 3
3. Чардак – 3
4. Напредок – 3
5. Караорман – 3
6. Баир Спорт – 1
7. Крошу Спорт – 1
8. Влазрими Ј. 77 – 0
9. Могила 2023 – 0
10. Демир Хисар – 0
11. Напредок Н. – 0
12. Преспа – 0
13. Влазними – 0
OhridNews












