Во рамките на второто коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, екипите на Чардак Велгошти и Света Троица 2021 претрпеа порази од Напредок, односно Кравари.

На спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“, екипата на Чардак Велгошти беше поразена со 2:1 од Напредок. Единствениот гол за домашниот тим го постигна Христијан Речковски во 70. минута.

Во Кравари, екипата на Света Троица 2021 беше поразена со убедливи 4:0 од истоимената екипа.

Во наредното, трето коло, Света Троица 2021 на домашен терен ќе ја пречека екипата на Влазними од Струга, додека Чардак Велгошти ќе гостува во Кичево, каде што ќе се соочи со Влазрими J. 77.

На табелата, Чардак Велгошти се наоѓа на петтото место со 3 бода, додека Света Троица 2021 е на седмата позиција, исто така со 3 бода.

OhridNews