Фудбалерите на Дебрца, запишаа нов бод на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад ремизирајќи со Македонија од Враништа (1-1), додека Сатеска остана со истото бодовно салдо откако изгуби од Фљамуртари (2-0) во рамките од третата рунда од шампионат.

Дебрца не успеа да ја забележи првата победа и да го скрши мразот во третолигашкото друштво. Дебрца и за бод мораше да се бори бидејќи гостите после 45 минути имаа водство 1-0. Васко Тасески од слободен удар изедначи на 1-1. До финишот никоја екипа не постигна нов погодок и мечот заврши со поделба на бодовите.

Една екипа од водечкото трио Фљамуртари постигна по еден погодок во двете полувремиња и ја совлада Сатеска со 2-0. Домаќините со триумфот го заджраа максималниот ефект  а Сатеска го претрпе вториот пораз сезонава.

Резултати: Преспа – Караорман 1-1, Октиси – Велешта 1-6, Лирија – Новаци 1-1, Црно Буки – Кравари 3-0, Фљамуртари – Сатеска 2-0, Дебрца – Македонија 1-1, Влазними – Стрела Спорт 6-0

Табела: Велешта 9, Влазними 9, Фљамуртари 9, Лирија Грначари 7, Црно Буки 6, Новаци 4, Преспа 4, Сатеска 3, Октиси 3, Дебрца 2, Стрела Спорт 1, Караорман 1, Кравари 0, Македонија 0

OhridNews