Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Сатеска и Кравари на „Ѓоргов Мост“ стадионот, додека Дебрца претрпе нов пораз откако изгуби од Октиси на домашен терен со 4-1 во 9-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.

Сатеска и Кравари одиграа возбудлив меч а да биде комплетна сликата недостасуваа само голови. „Црвените“ од Волино не искористија неколку прилики за погодок, кој веројатно ќе им донесеше три бодови.

Октиси целиот плен против Дебрца го освои со по два постигнати погодоци во двете полувремиња. Гостинот во Белчишта поведе со 1-0 а домаќините успеаја да изедначат. Октиси до крајот на полувремето ја врати предноста. Во вториот дел со нови два голови Октиси ја завери победата.

Резултати:

Црно Буки – Караорман 1-0

Фљамуртари – Лирија Грнчари 1-1

Дебрца – Октиси 1-4

Влазними – Преспа 2-0

Стрела Спорт – Велешта 1-4

Македонија – Новаци 1-1

Сатеска – Кравари 0-0

Табела: Велешта 24, Црно Буки 18, Лирија Грнчари 17, Фљамуртари 17, Влазними 16, Преспа 13, Кравари 13, Октиси 13, Новаци 11, Сатеска 11, Караорман 10, Македонија 8, Дебрца 5, Стрела Спорт 4

OhridNews