Натпреварите од новата сезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад немаа успешен почеток, откако мечот помеѓу Кравари и Лирија Грнчари не го дочека крајот.

Причина е физички напад на главниот судија. Пред финишот на првиот дел фудбалерот Алили Раим од гостинската екипа добил црвен картон поради неспортско однесување. Гневот за санкцијата го истурил со физички напад над судијата кој со тешки телесни повреди завршил во болница.

Битолската полиција најави целосно расчистување на случајот.

Од фудбалските збиднувања за издвојување се високите победи на Караорман 6-0 над Стрела Спорт, Воска Спорт против Октиси 6-1 и Преспа која славеше со 8-2 над Мороишта.

Резултати:

Влазними – Црно Буки 4-2

Македонија Враништа – Сатеска 2-1

Воска Спорт – Октиси 6-1

Победа – Фљамуртари 3-0

Преспа – Белица 8-2

Новаци – Дебрца (Морошишта) 3-0

Караорман – Стрела Спорт 6-0

Кравари – Лирија Грнчари 4-1 (прекин)

OhridNews